Ракометар на Вардар го менува националниот тим

Левиот бек Нилтон Мело, кој од минатото лето е член на Вардар, доби репрезентативен повик за престојната ЕХФ недела.

Тој не е од Португалија, туку од Ангола. Мело во младинските категории настапуваше за португалската репрезентација, но очигледно дека во сениорите не сметаат на него.

Мело се најде на списокот од 25 ракометари на селекторот Фелипе Круз, а таму освен домашните ракометари и Мело има уште тројца интернационалци.

Ангола ќе игра пријателски натпревари со селекцијата на Турција во Анкара, каде што ќе биде цела недела на подготовки од 11 до 18 март.

Анголците беа елиминирани во четвртфиналето на Африканското првенство, а потоа не успеаја да стигнат ниту до петтото место, па не обезбедија место на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.