Рајн Некар Ловен официјално го потврди ангажманот на Мариус Стехнаузер, десното крило на Хановер, коe ќе биде дел од тимот од летото во 2026 година.
Со ова, клубот од Манхајм обезбеди директна замена за легендата Патрик Грецки, кој ќе стави крај на својата блескава кариера во следниот јуни.
Стехнаузер, кој важи за еден од најконстантните играчи на својата позиција во Бундес лигата, зад себе има одлична сезона во дресот на Хановер.
Од друга страна, Хановер веќе ја има избрано замената за Стехнаузер, и тоа не било кого – туку репрезентативецот на Германија, Тимо Кастенинг, кој моментално настапува за Мелзунген.