Раховец на Андоновски со максимален ефект го заврши првиот дел од сезоната

Раховец на Горан Андоновски со максимален ефект го заврши првиот дел од натпреварувачката сезона во косовскиот шампионат.

Избраниците на Андоновски за последен ривал во 2024-та го имаа Лапи и немаа поголеми проблеми да дојдат до нова победа, триумфираа со 43:33.

Предводник во победничката екипа беше екс ракометарот на Вардар, Виктор Алонсо, кој зад своето име запиша осум погодоци.

Сега Раховец со новата победа осамна на врвот, има 28 бодови на свое конто, додека двата најголеми ривали Беса и Кастриоти по 22.