Раховец на Андоновски со „четири од четири“

Тимот на Раховец продолжува со серијата победи во косовскиот шампионат, овојпат славеше над Кастироти.

Раховец на македонскиот стратег Горан Андоновски против Кастриоти триумфираше со 39:35 и сега има „четири од четири“.

Претходно, избраниците на Андоновски славеа против екипите на Беса, Вуштрија и Приштина.

Раховец освен што е предводен од Андоновски, во тимот настапува и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски.

Следен предизвик за Раховец ќе биде натпреварот против повратникот во косовската елита – Вјоса.

Во овој клуб настапуваат неколку македонски интернационалци, па ќе биде интересна пресметка.