Раховец на Андоновски гази сѐ пред себе на домашна сцена

Екипата на Раховец, која е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, а во која настапува Стефан Атанасовски, останува непоразена во шампионатот на Косово.

Раховец во натпревар од 10. коло славеше на гостувањето во Приштина кај истоимената екипа со 18 гола разлика, 46:28, и се израдува на 10-от сезонски триумф.

По 10 одиграни кола, тимот на Раховец се наоѓа на лидерското место со 20 бода, додека неговите два најголеми ривали – Беса и Кастриоти имаат четири помалку – 16.

Андоновски и неговите избраници пред извесен период славеа во Романија кај Баја Маре со 40:35, но поради поразот дома од 38:31, не обезбедија пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Европскиот Куп.