Радовишани дадоа 83 гола на две контроли

Тимот на Радовиш одигра два пријателски натпревари пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Суперлигашот тестираше два пати со прволигашки екипи и успеа да постигне 83 погодоци на двата натпревари.

Најпрво беше совладан тимот на Текстилец со 52-33, додека беше забележана победа и над Младост Богданци со 31-29.

Радовишани ова лето го засилија тимот со Мартин Димов, Даниел Ацев, Филип Сиљанов, Илија Табаков, Бобан Каковски…