Тимот на Радовиш славеше убедливо против Младост Богданци во пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.
Радовишани победија со 37-29, откако и на паузата имаа убедлива предност од десет погодоци, 24-14.
Новото засилување за Радовиш, Славе Јанковски, постигна 11 погодоци против богданчани, додека по пет пати стрелаа Здравко Постолов и Филип Трајанов.
Во составот на Младост Богданци, се истакна кадетскиот репрезентативец Ѓорѓе Атанасов со десет гола, а по пет имаа Димитар Пеев и Ѓорѓи Орешков.
Радовишани се подготвуваат за настапот во Супер лигата, додека Младост Богданци ќе се обиде да стигне претстојната сезона до елитното друштво преку прволигашката конкуренција.