Радовиш со старо-нов тренер ги почна подготовките

Последнопласираниот тим во македонската Супер лига, Радовиш, ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната.

На местото на Александар Долдуров, кој го водеше клубот до средината на декември, доаѓа уште една легенда на Радовиш, Спасе Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев работеше во тандем со Долдуров во сезоната кога Радовиш се врати преку бараж средбата со Еурофарм Пелистер 2 во елитната конкуренција.

Што се однесува до играчкиот кадар, радовишани останаа без Илија Табаков и Бобан Каковски, а се очекува уште еден или двајца играчи да си заминат.