Радовиш со прво засилување, подготовките стартуваат за 5 август

Тимот на Радовиш по една сезона во прволигашкото друштво се врати во елитната конкуренција, но по големото славје работите се стишаа и имаше голема неизвесност околу ростерот и стартот на подготовките.

Сепак работија полека се средуваат, тимот ќе започне да се комплетира и подготвен ќе ги стартува тренинзите, кои се закажани за 5 август.

Александар Долдуров и неговиот асистент Спасе Ѓорѓиев ќе продолжат да го водат составот на Радовиш, а по трите заминувања, ангажирано е првото засилување за претстојната сезона.

Станува збор за левото крило Славе Јанковски, кој доаѓа од Голден Арт и ќе биде замена за искусниот Зоран Стојановски што замина во Бисинов. Покрај Стојановски, од Радовиш заминаа пивотот Цековски и десниот бек Митревски во Куманово.