Последнопласираниот тим во Супер машката лига, Радовиш, во продолжение на сезоната ќе има нов предводник на клупата.
Александар Долдуров, по 16 порази во серија, а последниот со пресврт од Струга, реши да си поднесе оставка и го напушти кормилото.
Долдуров, кој ја заврши играчката и ја почна тренерската кариера во Радовиш минатата сезона заедно со Спасе Ѓорѓиев го вратија клубот во елитната конкуренција.
На почетокот на сезоната беа донесени повеќе засилувања, кои сепак не беа доволни за подобар впечаток и подобар биланс по 16 одиграни кола.
За радовишани остануваат уште гостувањето кај Вардар и домашниот натпревар со Охрид до крајот на календарската година.
























