Тимот на Радовиш оствари нова победа во прволигашката конкуренција, овојпат кај Кичево со десет гола разлика, 30-20.
Ова е осма победа на радовишани во деветтиот натпревар и имаат 24 бода на второто место, зад лидерот Бисинов кој има максимален биланс и 27 бода.
Мечот со Кичево избраниците на Љупче Мијалов го решија уште по првото полувреме, кога водеа со 16-9.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа велешаните Ончев со осум и Стојановски со седум гола, додека кај Кичево се истакна Никола Нацев со седум погодоци.
Во следното коло од Првата лига, Радовиш ќе игра дома со Македонија Ѓорче Петров, а Кичево ќе гостува во Гевгелија кај Партизан.