Радовиш носи искусен голман од Либан

Тимот на Радовиш се активираше на трансфер пазарот и полека започнува да се засилува за вториот дел од натпреварувачката сезона 2024/25, во која ќе се бори за опстанок.

Имено, повратникот во најквалитетното натпреварување на Македонија го договорил искусниот голман Хусеин Сакр, кој имаше забележителни партии на Азискиот Куп 2024 и сигурно за Радовиш ќе биде големо засилување меѓу стативите.

Пред неколку сезони краток временски период во Радовиш мина неговиот сонародник, кружниот напаѓач Али Кобеиси, кој сега својата кариера ќе ја продолжи во Франција.

Во тимот на Радовиш се очекува да пристигнат уште неколку квалитетни засилувања, еден од нив е искусен кружен напаѓач, а пред трансфер во клубот се наоѓа еден од најдобрите младинци – Петар Цветковски.

Радовиш на 16 одиграни натпревари во Супер лигата успеа да освои само бод, оној против дебитантот Бисинов ФЛ, па така ќе има голем предизвик во остатокот од сезоната, односно во плеј-аут фазата.