Ракометарите на Радовиш на гостувањето кај Македонија ЃП освоија важна победа, откако триумфираа со 33:27 во натпревар од 11. коло од прволигашкиот плеј-оф.
Гостите до посакуваните три бодови, со кои ја продолжуваат трката за суперлигашки бараж, дојдоа со одличната игра во второто полувреме, на пауза беше нерешено, 16:16.
Победничката екипа беше предводена од искусниот Зоран Стојановски, левото крило беше незапирлив на теренот со 11 погодоци.
Во поразениот табор Стефан Нацев ги предводеше стрелците со осум погодоци, по пет запишаа Мартин Бучуковски и Дамјан Миноски.
Радовиш сега на табелата има 26 бодови, додека Младост, кој има натпревар помалку, е позициониран на 3. позиција со 21 бод, а Металург РА има 20.
До крајот од сезоната треба да се одиграат уште три кола, по што ќе биде познато која екипа ќе игра бараж со третопласираниот од супералигашкиот плеј-аут.