Тимот на Радовиш донесе уште еден ракометар на стартот на новата суперлигашка сезона.
Тренерот Александар Долдуров ќе смета на Мишел Јовановски, кој доаѓа од составот на Астраион Струмица.
Струмичани нема да играат во прволигашката конкуренција оваа сезона, па Јовановски се реши за промена на средината.
Тој ја покрива десната бековска позиција, а може да игра и на десната крилна, па Долдуров добива опција плус.
Радовишани загубија со 34-32 во првото коло кај Куманово, додека во втората рунда ќе го пречекаат Бутел Скопје.