Тимот на Радовиш активно работи на склопувањето на играчкиот ростер за следната сезона во Супер лигата.
Ново име во радовишкиот тим ќе биде левиот бек Филип Силјанов, кој последната сезона ја мина во Борец ФЛ.
Силјанов претходно беше дел од Металург РА, а сега ќе ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција во Радовиш.
Претходно радовишани се договорија со десното крило од Борец ФЛ, Мартин Димов, а преговорите со средниот бек Бобан Каковски се уште траат.