Радовиш до 50. минута веруваше, Прилеп за шест минути ја реши приказната

Екипата на Прилеп конечно им стави крај на црната серија и со победа од 29-24 на гостувањето кај Радовиш го освои првиот полн плен по повеќе од месец, во меч од 11. коло во Суперлигата.

Иако Радовиш останува единствениот тим со „нула“ на своето конто, домашните покажаа карактер и во неколку наврати, особено во првото полувреме, успеваа да израмнат и да најават поинтересен дуел. Сепак, во најголемиот дел од мечот Прилеп имаше контрола над резултатот, играше поорганизирано и посигурно во нападот.

Клучниот момент дојде во второто полувреме. По водството на гостите, Радовиш во 50. минута намали на 22-23, сериозно отворајќи ја можноста за драма во финишот. Наместо пад, следеше реакција од Прилеп – со цврста одбрана и неколку реализација во серија, гостите до 56. минута избегаа на 22-29, практично решавајќи ја средбата. Домашните до крајот само ја ублажија разликата.

Со овој триумф, Прилеп, кој претходно врза четири порази (Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Охрид, Вардар 1961), конечно се враќа на победничките патеки и со освоените два бода прави чекор подалеку од долниот дел на табелата. Радовиш, пак, останува без бод и во следното коло ќе има уште еден клучен дуел дома – против МРК Куманово, додека Прилеп го очекува гостување кај Еурофарм Пелистер 2.