🎥 ОХРИД 2024: Радовиќ среќен – ќе одам во Битола да се видам со пријателите

После една сезона Мирко Радовиќ повторно е во Македонија. Со екипата на Еурофарм Пелистер ја освои титулата во Македонија, а со новиот тим, неговио тматичен, Ловќен настапува на турнирот во Охрид, и загуби со 22-37 од ОЛимпијакос.

„Убаво е чувството пак да сум во Макеоднија, Ми недостасуваше. Сигурно ќе одам во Битола да се видам со пријателите. Ова е мојот втор дом, и секогаш сум среќен кога доаѓам, вели Мирко Радовиќ.

Турнирот во Охрид сезонава донесе многу квалитетни екипи. Ловќен првпат игра тука.

„Турнирот е добар и конкурентен. Олимпијакос беше подобар од нас, а ова ни е прв меч во овој состав. Имавме многу технички грешки, и не казнија од контри. Ги плативме грешките, но можеме да ги извлечеме многу позитивни работи, вели Радовиќ

Лани Ловќен ги подигна квалитетот и имаше големи амбиции, и сега со подмладне тим влегуваат во новата сезона.

„Лани имавме подбра екипа, со поискусни играчи. Сега ја подмладивме екипата, но ќе бидеме подобри, ќе одиме чекор по чекор. Во моментов не можеме да бидеме конкуренти со екипите од Балкан, но во некоја блиска иднина ќе бидеме сигурно конкурентини, смета Радовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

 

Дознајте ги сите новости поврзани со 3. издание на турнирот во Охрид во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…