Македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите со натпревар против францускиот ПСЖ.
Десното крило Богдан Радивојевиќ очекува подобра сезона во елитното натпреварување отколку што беше минатата.
„Се радуваме што и оваа сезона ќе играме со најдобрите екипи во Европа во Лигата на шампионите. Се надеваме на подобра сезона од лани, се надеваме на бодови, особено на домашен терен. Што се однесува до ПСЖ, сите знаат за каква екипа се работи. Ние не одиме таму да загубиме, туку да се бориме од првата до последната минута. Минатата сезона игравме добро на многу натпревари, но не успеавме тоа да го наградиме барем со еден бод. Сметам дека може и да не играме толку добро, но да освојуваме бодови. Тренираме, работиме напорно и се надеваме на најдоброто“, вели Радивојевиќ.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра утре вечер со почеток во 20:45 во салата „Пјер де Кубертен“.
Ангеловски: Наша задача е да се претставиме во најдобро можно светло во Париз