Maкедонскиот првак Еурофарм Пелистер има серија од четири меча без пораз – три од домашното првенство и еден во Лигата на шампионите.
За пелистерци следен предизвик ќе биде гостинскиот натпревар со полскиот шампион Висла Плоцк, а десното крило Богдан Радивојевиќ ги сподели очекувањата од ова тешко гостување.
„Веднаш по натпреварот со Спортинг кажав дека како што одигравме во Битола треба да играме на сите натпревари кои ни доаѓаат без разлика дали се во на домашното првенство или во Лигата на шампионите. Тоа го мислам и за натпреварот со Висла доколку сакаме да се вратиме непоразени, не само што мора да одиграме како во Битола, туку мора да поправиме некои грешки. Висла е добра екипа, но и ние напредуваме како тим“, изјави Радивојевиќ.
Ова е прв меѓусебен дуел на Висла Плоцк и Еурофарм Пелистер, а натпреварот во „Орлен Арена“ ќе се игра утре од 20:45 часот.