Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер фуриозно ја започна новата година, откако пред својата публика триумфираше над Куманово со 46-26 во натпревар од 17. коло од суперлигашката конкуренција. На теренот доминираа десните крила Богдан Радивојевиќ и Ненад Костески кои дадоа 11, односно девет гола и беше меѓу најзаслужните за убедливата победа.
Гостите парираа колку што им дозволија домаќините, беа рамноправни во воведниот дел кога во неколку моменти имаа предност, а по водството на Куманово од 4:3, избраниците на Алонсо постигнаа 10 гола во низа, дојдоа до 13:4 и веќе во тој периот го решија натпреварот.
Куманово до крајот на полувреме постигна уште четири гола, домаќините додадоа седум, па така по 30 минути игра, резултатот беше во корист за пелистерци.
Вториот дел беше повеќе формалност и полесен тренинг за домашниот табор, кој дополнително ја зголеми разликата за конечни 20 разлика.
Покрај крилата, во битолскиот тим и капитенот Кузмановски постигна шест гола, додека кај Куманово по пет погодоци постигнаа бразилските бекови Да Силва и Хен. Во следното коло шампионот ќе игра на гости кај Охрид, а Куманово ќе се соочи со Пролет.