Тимот на Самадреџа, каде што игра македонската интернационалка Бојана Радевска, запиша победа во косовскиот шампионат.
Поранешната младинска репрезентативка беше втор стрелец во триумфот на Самадреџа против Беса со 42-22.
Радевска успеа да постигне осум погодоци во противничката мрежа во победата пред европските настапи на Самадреџа.
Следен предизвик за Радевска и нејзиниот тим ќе биде двомечот од ЕХФ Европскиот Куп против грчкиот ПАОК.