Легендата на романскиот ракомет, Кристина Неагу, го одигра последниот официјален натпревар во својата кариера во преполната „Поливалента“ во Букурешт.
Во последното коло од романскиот шампионат ЧСМ Букурешт славеше против Корона Брашов со 35-33, а Неагу со солзи во очите се прости од навивачите.
„Звучи чудно во овој момент. Тешко е да се опише чувството кога се завршува нешто што било твој живот. Сепак, горда сум на се што постигнав и благодарна на сите што беа дел од моето патување“, изјави Неагу.
Неагу, која е четирикратна најдобра ракометарка на светот во изборот на ИХФ, ја заврши својата кариера со 1.232 голови во Лигата на шампионите, што ја прави најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.
Таа, исто така, беше дел од репрезентацијата на Романија која освои бронза на Светското првенство во 2015 година и на Европското првенство во 2010 година.