Машката репрезентација со полна пареа се подготвува за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Избраниците на Кирил Лазаров тренираат во спортската сала во Автокоманда два пати дневно со цел да бидат добро подготвени за големите предизвици што претстојат.
Со селекцијата не е само Мартин Томовски, кој поради клупски обврски ќе се приклучи на 2 јануари.
Македонската експедиција за три дена патува за Хрватска, каде што в недела во Пореч ќе игра против тимот на Дагур Сигурдсон.
Со оглед на тоа што Хрватите ќе играат без најдобрите, за очекување е и Лазаров да ја распореди минутажата и да им даде шанса на поголем број ракометари.
Потоа Македонија ќе игра и турнир во Швајцарија, каде покрај со домаќинот, ќе игра и против Бахреин и Украина од 8 до 10 јануари.
ЕП го стартуваме со меч против домаќинот Данска на 16 јануари, а во групата се уште Португалија и Романија.

























