Францускиот репрезентативец Дика Мем потпиша за Фуксе Берлин и ќе му се придружи на германскиот првак во 2027 година.
По истекот на договорот со каталонскиот гигант, Мем ќе комплетира една деценија во „Блауграна“ и ќе има нов предизвик.
Откако Мем го одби новиот договор понуден од Барселона, на маса имаше две понуди – од ПСЖ и Фуксе Берлин.
Десниот бек се реши за германската понуда и ќе им се приклучи на „лисиците“ во летото 2027 година, кога таму ќе дојде и левиот бек Симон Питлик.
Мем се обврза на верност од четири сезони и треба да остане во Берлин најмалку до 2031 година.


























