Сега веќе нема ниту теорија Еурофарм Пелистер да игра во осминафиналето на лигата на шампионите, бидејќи француски ПСЖ на домашен терен го победи ПИК Сегед со 29-28 (14-15). Французите имаат 10 бода, и го заверија местото во разигрувањето, па ќе се борат и за што повисоко место.
Македонскиот првак останува на сегашните 5 бода, и без разлика на исходото о дпоследните две кола нема да може да се надева да биде на 6. место. Дури и да има 9 бода, колку што сега има ГОГ, Данците имаат подобар меѓусебен биланс.
ПСЖ се мачеше во завршницата на мечот, иако на почетокот имаше предност од плус 5 гола. Но, потоа таа разлика почна да се топи и на полувреме беше 15-14 во корист на ПИК Сегед. Во второто полувреме, ПСЖ пак имаше водство, но во завршницата Унгарците израмнија на 28-28. Сепак домашните не пропуштија на победат.


























