Француски ПСЖ направи голем чекор кон осминафиналето на Лигата на шампионите откако триумфираше на гостувањето во Загреб, 35-24. Сега „светците“ се на 5. место и имаат осум бода, исто колку и ГОГ (- 1 меч).
Овој триуфм на ПСЖ не му оди во прилог на Еурофарм Пелистер кој сега има само 4 бода и на е 7. место. Македонскиот првак утре треба да го пречека тимот на Висла, па му останува шансата да остане во игра. Но, на три кола до крај на регуларниот дел од групната фаза му остануваат малку можности.
Првите две места од секоја група значат директен пласман во четвртфиналето, а екипите од 3 до 6 место ќе разигруваат во осминафинале.
Во Б групата Барселона со гостинскиот триумф кај ПИК Сегед, сега шпанскиот шампион има 20 бода, е сигурен директен патник во четвртфиналето, бидејќи е на едно од првите две места. Барселона со 35-27 триумфираше во Унгарија, на меч што го судеа нашите Митревски и Тодоровски. Барселона има 20 бод аисто колку и Магдебург, но Германците имаат меч помалку.
Во А групата скандинавското дерби меѓу Алборг и Колштад завршисо триумф на Данците, 35-24 и сега имаат 19 бода. Ќе чекаат пораз на Веспрем, за да може да бидат сигурни четвртфиналисти.


























