ПСЖ се загреа за битолчани со триумф кај Сен Рафаел

Францускиот шампион ПСЖ им се врати на победите, откако по поразот кај Магдебург, славеше во домашниот шампионат кај Сен Рафаел со 33-25.

Иако губеше на стартот на вториот дел со 20-18, сепак ПСЖ направи серија од шест неодговорени голови, што на крајот се покажа решавачка.

Камил Шипжак беше најдобар стрелец на натпреварот и постигна осум погодоци, додека Ноа Годен даде шест гола.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра в четврток од 20:45 часот во салата „Пјер Де Кубертен“.