Францускиот шампион ПСЖ мораше да ангажира нов ракометар на левата крилна позиција откако се повреди едно од новите засилувања.
Швеѓанецот Емил Мелегорд ги скина лигаментите на турнејата на ПСЖ во Јапонија и ќе паузира скоро целата сезона.
Затоа францускиот шампион мораше да реагира итно и да донесе нов играч, а шопингот заврши во Норвешка.
Нов ракометар на ПСЖ е левото крило Синдре Хендал, кој досега настапуваше за норвешкиот вицепрвак Елверум.