Францускиот клуб ПСЖ е последниот патник во четвртфиналето од Лигата на шампионите кај мажите.
ПСЖ на реваншот против Висла Плоцк одигра рутински триумфирајќи минимално со 34:33 (18:15).
На првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд, тимот на Гонзалез победи со четири гола разлика, 30:26.
Во четвртфиналето ПСЖ ќе се соочи со катлонскиот гигант Барселона, која дикректно обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи.
Веспрем по вторпат го преслуша ПИК Сегед и закажа четвртфинале со Алборг