Македонските екипи ја одработуваат втората фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната и веќе почнаа со играње на пријателски натпревари.
Лидерот во прволигашката конкуренција Младост Богданци славеше против Тиквеш со 36-33 во натпреварот одигран во „Јасмин“.
На полувремето избраниците на Горан Андоновски водеа со 20-17 и ја најавија победата во Кавадарци.
Лидер во триумфот беше десниот бек Лазар Адамовиќ кој успеа да постигне 14 голови, Даниел Андоновски даде седум, а голманите Костадиновски и Паунков комбинираа 16 одбрани.
























