Прволигашот подобар од суперлигашот – Младост Богданци го совлада Радовиш

Тимот на Младост Богданци го совлада суперлигашот Радовиш со 25-24 во еден од последните пријателски натпревари пред стартот на сезоната.

Богданчани им се реваншираа на радовишани за претходниот убедлив пораз со 37-29 исто така на пријателски натпревар.

Имаа богданчани и шест гола водство, но дозволија во финишот Радовиш да се врати во игра за реми.

Сепак Гогов зголеми на 25-23, радовишани успеаја само преку Постолов да намалат на минус еден и потоа немаше реализација на двете страни.

Најдобри стрелци со по шест погодоци беа Ѓорѓе Атанасов во Младост Богданци и Славе Јанковски во Радовиш.