Прволигашкиот лидер „запали мотори“ пред пролетните предизвици

Лидерот во прволигашката конкуренција, Младост Богданци, ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Богданчани под водство на Горан Андоновски го завршија есенскиот дел со 12 победи на 12 меча и се фаворити број еден за место во елитата.

Подготовките физички и тактички ќе се одвиваат во салата Млаз во Богданци, а закажани се и два пријателски натпревари со две суперлигашки екипи пред почеток на првенството.

На првиот тренинг присуствуваа сите ракометари освен левиот бек Антонио Николоски кој си замина од Богданци, а допрва треба да бидат промовирани новите засилувања.