Македонскиот стратег Раде Стојановиќ и неговиот тим Тримо Требње го освоија турнирот во Ново Место.
Тримо Требње во полуфиналето беше подобар од српскиот првак Војводина по пенали со 29-28, откако на полувремето беше нерешено.
Иако губеше со пет гола, тимот на Стојановиќ покажа карактер, и иако без Лесјак на голот, го сврте резултатот во своја корист.
Во финалето Тримо Требње беше подобар од домаќинот на турнирот, Крка Ново Место и славеше со 30-27.
Генералката за тимот на Стојановиќ пред квалификациите за Лигата на Европа и двомечот со францускиот Лимож, ќе биде тест натпреварот со унгарскиот Ференцварош на 23 август.