Тимот на Татабања, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески, се пласираше на завршниот турнир во Купот на Унгарија.
Талески имаше победничко деби за унгарскиот клуб, кој на домашен терен во четвртфиналето на Купот, беше подобар од незгодниот ПЛЕР Будимпешта со минималец, 33-32.
Мечот беше решен во последната минута со голот на Даматрен, а Талески постигна еден гол од три обиди кога играше во првото полувреме.
Покрај Татабања, на Ф4 во Купот на Унгарија се очекува да се пласираат Веспрем, ПИК Сегед и Балатонфуреди, кои се фаворите во четвртфиналните средби против Ѓенѓеш, ДЕАК и НЕКА.























