Македонија ќе игра против Данска, Португалија и Романија на Европското првенство 2026 што е на програмата во Данска, Шведска и Норвешка.
Прв ривал во прелиминарната рунда ќе биде селекцијата на домаќинот, а мечот треба да биде одигран на 16 јануари.
Во вториот натпревар Македонија ќе се сретне со Романија на 18 јануари, додека на 20 јануари ќе игра против Португалија.
Сепак распоредот заедно со саатниците, допрва треба да ги потврди европската куќа на ракометот заедно со организаторот.
ЕП ќе се игра во Хернинг, Осло, Кристијанштад и Малме од 15 јануари до 1 февруари следната година.
Македонија ги дозна ривалите на ЕП – еве против кого и каде ќе игра!
Најефтините билети за ЕП чинат 26 евра, најскапите повеќе од 1.000 евра!