Првата лига стартува во септември со дерби во Ѓорче Петров, Младост го чека Астраион

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени натпреваруачките броеви за Прва машка лига за натпреварувачка сезона 2025/26.

Ќе учествуваат вкупно 14 екипи, кои ќе играат еднокружно, а првото коло е закажано на 13/14 септември.

Во првото коло од вкупно 26 што ќе бидат одиграни, ќе има дерби во Ѓорче Петров, каде „лавовите“ ќе ги пречекаат „витамините“ од Автокоманда.

Во Богданци кај еден од најголемите фаворити за место во елитата, ќе гостува тимот на Астраион.

Прва лига, прво коло:

Македонија Ѓорче Петров – Мулти Есенс
Овче Поле – Вардар Неготино
Кичево – Партизан Гевгелија
Младост – Астраион
Јехона – Преспа Вардар
Текстилец – Аеродром
Драчево Јуниор – Шампион