Првата лига со Кичево, но без Скопје и Металург РА

Прволигашката конкуренција во наредната сезона ќе брои 14 екипи, а меѓу пријавените нема нови екипи. Но нов ќе биде системот на натпреварување и нема да се игра по групи, односно плеј-оф и плеј-аут.

Во споредба со ланската сезона, тимот на Еурофарм Пелистер 2 се пласираше во Супер лигата, а нема да играат ниту Скопје и Металург РА, додека сите останати 14 екипи се пријавија на новата сезона.

Иако екипата на Кичево „висеше“, сепак успеа да ја комплетира документација и доби дозвола за настап во прволигашката конкуренција во претстојната сезона.

Ќе се игра по системот секој со секого, вкупно 26 натпревари во сезоната, а првакот ќе се пласира во елитната конкуренција, додека второпласираната екипа ќе игра бараж со екипата што ќе заврши претпоследната во суперлигашкиот плеј-аут.

Деталите за распоредот на натпревари и стартот на сезоната во прволигашката конкуренција, дополнително ќе бидат познати.

Прва лига 2025/26:

Текстилец
Преспа Вардар
Младост Богданци
Мулти Есенс
Драчево Јуниор 
Македонија ЃП
Аеродром
Астраион
Партизан Гевгелија
Овче Поле
Вардар Неготино
Кичево
Шампион
Јехона