Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, продолжува да биде лидер на листата на стрелците на Мундијалот.
Левиот бек досега постигна 31 погодок на три натпревари, што е доволно за првото место, пред Холанѓанецот Тен Фелде кој има 30.
На третото место е германскиот репрезентативец Ренарс Усчинс, кој досега погоди 24 пати во противничките мрежи.
Кузмановски даде десет гола против Унгарија, девет против Холандија, додека против Гвинеја 12 пати се запиша во листата на стрелците.
Македонскиот капитен е прв и во категоријата на најкорисни ракометари (голови+асистенции) со 40 поени – 31 гол и девет асистенции.