Прва евро-задача за Металари и Николовски

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа кај дамите.

Арбитрите Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го имаат првиот европски предизвик оваа сезона.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу романската Рамнику Валчеа и словачкиот тим ДАЦ Дунајска Стреда.

Овој натпревар на кој делегат е Забчински од Полска, е закажан за 5 октомври од 16:00 часот во Валчеа.