Десниот бек Дејан Гошевски од претстојното лето ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.
Oдличниот 24-годишен десен бек се сели во Хрватска, откако потпиша договор со тимот на Метковиќ Механика.
Гошевски ги мина сите младински категории на составот на Металург, потоа играше една сезона за Охрид, пред да се пресели во Кавадарци.
За Тиквеш настапуваше две сезони, а исто толку мина и во Голден Арт, од каде заминува во хрватскиот суперлигаш.
Гошевски ќе биде вториот Македонец што ќе настапува за Метковиќ, откако Иван Марковски остави длабока трага и таму играше од 2000 до 2002 година.