Селекторот на машката репрезентација на Чешка, Даниел Кубеш, го објави првиот список на ракометари за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Чешка ќе има краток собир до Нова Година, а на списокот на Кубеш ги нема триото од бундеслигашот Лајпциг (Мрква, Пирох и Клима), како и соиграчот на Мартин Томовски од Битигхајм (Хрдличка).
Тие би требало да се најдат на финалниот список за ЕП, а Чешка ќе одигра две пријателски средби против Алжир на 30 декември и против Австрија на 6 јануари.
Смената на генерациите во Чешка почна уште пред неколку години, кога се пензионираа Хорак и Галија, па Хрстка и Чип, пивотот Петровски, а на овој список на Кубеш ги нема ниту Томаш Бабак, Роман Бечвар, Станислав Кашпарек…
На ЕП 2026, Чешка е во тешка група со Франција, Норвешка и Украина.


























