Тимот на Деспина од Прилеп ја оствари првата победа во оваа сезона во Женската лига, откако славеше против Скопје со 24-20 во натпревар од 7. коло.
Домаќинките отворија со водство од 4-1, но Скопје израмни на 4-4. Потоа продолжи играта гол за гол, но во финишот на полувремето Деспина стигна до плус два, 13-11.
Во вториот дел прилепчанки го контролираа резултатот и не дозовлија камбек на Скопје, иако гостинките еднаш успеаја да намалат на минус еден, 14-13.
Во финишот скопјанки исто така се заканија, 21-20, но кога најмногу требаше попуштија и Деспина преку Камческа, Цветкоска и искусната Гичева од пенал ја потврди првата сезонска, 24-20.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа Гичева со осум и Камческа со шест погодоци, додека кај Скопје се истакнаа Неделковска со шест и Ристиќ со четири гола.