Тимот на Младост Богданци загуби за првпат сезонава во прволигашката конкуренција, откако не успеа да освои бодови на гостувањето кај „витамините“ во Автокоманда, 39-27.
Во првиот дел се играше најчесто израмнето, но пред паузата домашните успеаја да стигна до плус три, 17-14, но Андоновски со гол се погрижи за намалување на негативата на одморот, 19-17.
Домаќините искористија неколку пропуштени акции на Младост Богданци на стартот на второто полувреме и успеаја да отидат на плус, 27-20, а во нападот доминираа Матески и Џигероски.
Гостинскиот стратег Андоновски побара два тајм-аута во рок од пет минути, но и покрај тоа неговите момци не успеаја да се вратат во мечот и на крајот убедливо беа поразени од „витамините“.
Во победничката екипа се истакнаа Џигероски со девет, како и Ѓокески и Матески со по шест гола, додека голманот Јорданов имаше 12 одбрани. Кај Младост Богданци, Адамовиќ беше најпрецизен со 11 голови.
На табелата сега „витамините“ имаат 36 бодови, но и меч повеќе од Младост Богданци кој е на второто место со 34.

























