Прв интернационален предизвик: Никола Цветаноски се сели во Словенија!

Левиот бек Никола Цветаноски од лето ќе го има првиот интернационален предизвик и ќе се пресели во Словенија.

Toј ќе игра за второлигашот Ајдовшчина, за кој во пролетниот дел од сезоната игра и екс членот на Тиквеш, Срѓан Мијатовиќ.

Цветаноски потекнува од Струга, играше за Вардар Јуниор и Голден Арт, пред да се врати во родниот град.

Потоа направи трансфер во Прилеп, таму играше три сезони и беше меѓу најдобрите стрелци, а сега првпат оди во странство.