Прославата откажана: Пејач е причина што нема да има дочек на бронзените Хрвати!

Свечен дочек за хрватските репрезентативци кои ја освоија бронзата на ЕП со триумфот над Исланд, нема да има во Загреб.

Нивната желба на дочекот да настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон, не беше прифатена од водечките луѓе на градот Загреб, па најавената прослава нема да се случи.

Од Хрватскиот ракометен сојуз се огласија со соопштение.

„Желбата на сите играчи на хрватската ракометна репрезентација, стручниот штаб и Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) беше на свечениот дочек да настапи Марко Перковиќ Томпсон. Бидејќи не беше постигнат договор со Град Загреб и не беше прифатена желбата на играчите, стручниот штаб и ХРС, ја информираме хрватската јавност дека свечен дочек нема да има.

Воедно, им се заблагодаруваме на сите градови во Хрватска кои понудија организација на дочек за нашите репрезентативци, но со оглед на тоа што станува збор за хрватската ракометна репрезентација, сметаме дека дочекот треба да се одржи во главниот град на сите Хрвати и на централниот плоштад, како што тоа секогаш било случај досега.

На сите градови кои понудија организација на дочек, со искрена благодарност, ќе им организираме и натпревари, за заедно да можеме да го прославиме овој голем успех на нашата репрезентација.

За сите заинтересирани, репрезентацијата ќе слета на Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб околу 3 часот наутро, а во 12 часот прием за репрезентацијата ќе организира претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ“, се вели во соопштението на ХРС.

Скандалозно: Хрватите се испокараа – нема да има дочек во Загреб?!