На 240 денови до стартот на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија, организацискиот комитет ја промовираше маскотата.
Станува збор за дива мачка, за која фановите на социјалните мрежи во следниот период треба да изберат име.
Организаторите открија дека ја избрале дивата мачка како маскота, бидејќи во себе ги содржи трите главни компоненти на ракометната игра – брзина, агилност и интелигенција.
Покрај маскотата, организаторите Австрија, Швајцарија и Унгарија, ја промовираа и топката со која ќе се играат натпреварите на ЕП.
Женската репрезентација на Македонија ќе биде дел од континенталниот собир, кој ќе се игра од 28 ноември до 15 декември.