Промовиран новиот спонзор на РФМ: Кога бираме партнери – бираме победници!

Ракометната федерација на Македонија денеска на прес-конференција го промовираше новиот спонзор – МAGGI, бренд кој долги години е дел од светските трпези и секојдневни моменти.

Новото партнерство ќе ги поврзе вкусот и спортот, кујната и арената, семејството и тимот.

Претседателот на македонската куќа на ракометот, Александар Стефанов, ја истакна важноста на овој договор и потенцираше дека ова е доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува.

„Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи. Убеден сум дека оваа соработка ќе донесе многу позитивни приказни и нови победи.“
„Најголемиот светски прехранбен бренд MAGGI е присутен во Македонија не само во кујните и на семејните трпези, туку добро знае и што тука најмногу сакаме покрај добрата храна, а тоа е ракометот. Затоа решивме со сето срце да го поддржиме омилениот локален спорт и нашата сјајна репрезентација во нивните победи. Со спортот одат и духот на заедништвото и здравите навики, а токму во тоа цврсто верува MAGGI,“ изјави Рената Матушиновиќ, генерален директор за категоријата храна за Јужна и Источна Европа во компанијата Nestlé.
Но приказната не завршува тука. Зад името и логото стои и едно големо срце – Nestlé, долгогодишен партнер и донатор на Банката за храна на Македонија. Тоа значи дека истата рака што го поддржува спортот, истата енергија што ги бодри ракометарите, ја носи и топлината во домовите на оние на кои им е најпотребна.
Со ова партнерство, MAGGI уште еднаш потврдува дека храната може да значи многу повеќе од вкус – може да биде поттик, поддршка и симбол на заедништво. А тоа е приказна со длабоки корени – MAGGI е присутен во Македонија повеќе од 20 години, станувајќи дел од секојдневните навики, семејните оброци и моментите што остануваат во сеќавање. Денес, таа традиција добива нова димензија – преку поддршката на спортот и заедницата.