Европската ракометна федерација го потврди распоредот на натпреварите во групната фаза од ЕП 2026 во Данска, Норвешка и Шведска.
Стартот и дуелот со Данска во Хернинг останува без промени и таа средба ќе се игра на 16 јануари во „Јуске Банк Боксен“.
Промената се однесува на дуелите против Романија и Португалија. Иако според првичниот распоред на ЕХФ, требаше да играме со нив по тој редослед, но сега е променет.
На 18 јануари ќе се игра натпреварот против Португалија, додека на 20 јануари е пресметката со Романија.
Најдобрите две од групата Б, вкрстуваат со најдобрите од групата А (Германија, Шпанија, Србија и Австрија) и групата Ц (Норвешка, Франција, Чешка, Украина).