Финалето на 4. издание на турнирот „Марко Божиновски“ ќе се игра денeска (недела, 15 јуни) во 11 часот на Отвореното игралиште во Ново Лисиче. Промената е направена во договор со двете репрезентации, со репрезентацијата на Македонија и со гостинот, Србија.
Во првиот утрински термин ќе играа Романија и БиХ во 9,30 часот. Мечот за 3. место е закажан за 13,30 часот мешу Македонија Б и Катар. Тој меч ќе се игра во салата „Македонско Сонце“ во Пролет.
Македонија на овој турнир настапува со две репрезентации, и по овој настап надвете репрезентации ќе се формира тимот што ќе продолжи со подготовките на Европските младински игри.