Екипата на Пролет загуби на гостувањето во Автокоманда од тимот на Лазаров со 35:26 (14:10) во натпревар од 20. коло од Супер лигата и го испрати Бутел Скопје во плеј-оф сегментот.
Пролет на денешниот натпревар требаше да освои бод, или пак да победи, за да остане во игра за плеј-офот, но не успеа да дојде до зацртаната цел, парираше само во првиот дел, кој го одигра на одлично ниво.
По поразот во Автокоманда, тимот на Пролет останува на 15 бода, а Бутел Скопје, кој има натпревар помалку, има 20 бода на свое конто. Пролет во досегашниот дел од сезоната оствари пет победи, исто толку пати и ремизираше, двапати против Прилеп и еднаш со Охрид, Тиквеш и Борец ФЛ.
Избраниците на Матлиески во последните две кола од регуларниот дел од првенството ќе играат против Радовиш и Бутел Скопје и ќе се обидат да дојдат до две победи, со цел да пренесат што повеќе бодови во плеј-аут фазата.
Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Митев со 11 погодоци, шест додаде Александар Петковски, додека кај Пролет се истакна Андреј Стојановски со пет реализации.